Get Adobe Flash player

Rolls Royce Ghost протечена информација
14.08.2009
rolls-royce-ghost-1.jpgСо нетрпение се очекува новиот модел на Rolls Royce кој ќе биде позициониран под знаменосецот на компанијата Phantom и чија продажба би требало да стартува кон крајот на годината.

Новиот модел како што веќе пишувавме го носи името Ghost и конечно не е сокриен под камуфлажа благодарение на протечената информација која доаѓа во форма на промотивно видео наменето за дилерската мрежа на Rolls Royce.

Создавањето на Ghost автомобил помал и поевтин од Pahntom е обид на Rolls Royce значително да го зголеми производството во годините што доаѓаат. Предвидувањата се дека со помош на Ghost тоа ќе се зголеми најмалку два пати.

Новите информации за Ghost откриваат дека под хаубата на новата лимузина работи 6.6 литарски V12 турбо бензинец кој снагата до задните тркала ја пренесува преку автоматски менувач на ZF со осум степени на пренос.

Моќниот мотор остварува максимална снага од 563 КС и максимален вртежен момент од мрсни 780 Nm бројки кои го прават Ghost помоќен од Phantom иако е позициониран под него.

Ghost е способен да ги катапултира патниците од 0 до 100 km/h за само 4,9 секунди и да ги однесе до максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h притоа нудејќи комфор и превоз во луксузно уредување својствени само за еден Rolls Royce.

Позиционирањето под Phantom е постигнато со скусувањето на автомобилот. И додека Phantom е растегнат на 5.834 mm, Ghost мора да се задоволи со „скромни 5.399 mm во должина. Ghost е широк 1.948 mm, висок е 1.550 mm, а меѓуоскиното растојание изнесува 3.295 mm.

Заедно со помалите диманзии и помоќниот мотор Ghost ќе нуди значително подобри возни карактеристики кои доаѓаат и од користењето на најновата технологија во развојот на шасијата и подвозјето.

Лимузината лежи на последната генерација на воздушна суспензија која е врзана со алуминиумски мултилинк водилки и на предната и на задната оска. Понатаму суспензијата е врзана со нов систем за менаџмент кој го контролира претераното навалување на автомобилот во свијоци и обезбедува оптимално придушување на ударите во зависност од условите на возење и квалитетот на патот.

Новиот систем е толку осетлив што е во можност да ја забележи и најмалата промена. Што значи ова? Од Rolls Royce даваат пример: Доколку назад се вози еден патник и доколку тој се премести од една на друга страна на задното седиште системот ја детектира промената и ги модификува параметрите за да компензира за разликата.

Компјутерот кој управува со системот на секои 2,5 милисекунди добива отчитувања забележани од сензорите распоредени низ целиот автмобил и успева да ја прилагоди суспензијата.

Плус воздушната суспензија му овозможува на Ghost да потклекне за 25 mm кога во него треба да влезе важниот патник.

Светската премиера на Ghost е закажана за салонот во Франкфурт, додека привте примероци би требало да стигнат до своите купувачи кон крајот на 2009 во Европа, додека клиентите во САД и Азиско Пацифичкиот регион ќе почекаат некаде до средина на 2010.

Цената стартува од 165.000 британски фунти или малку над 190.000 евра.

Кликнете тука за да го погледата промотивното видео за Rolls Royce Ghost.

 
Get Adobe Flash player