Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Се појави новата Mercedes S Класа - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Се појави новата Mercedes S Класа
20.03.2013

Знаменосецот на Mercedes плени со својата појава и со технологијата. Така било од секогаш. Појавувањето на секоја следна генерација на S Класа е единствено доживување на љубителите на автомобили.

mercedes-s-klasa-ulovena-1-2013-1

Mercedes ја најавува премиерата на новиот знаменосец на 15 мај, но на интернет веќе се појавија првите фотографии и информации за луксузната лимузина која е уловена за време на снимање на рекламен спот.

Достоинствена и верна на своето наследство новата S Класа ги следи формите кои традиционално се врзуваат за неа, иако носи сосема нов модерен дизајн кој ја прави уште повпечатлива и полуксузна од своите претходници.

Масивната маска, предните светла со LED технологија, извајаниот задник украсен со помали светла и издув вграден во браникот и флуидната, но динамична странична линија ја прават новата S Класа далеку поелегантна.

Од техниката тука е новото потпирање наречена Magic Body Control кое преку камери го следи патот и го прилагодува сетапот спрема условите на патот пред автомобилот да дојде до местото со неправилност на асфалтот.

За безбедноста се грижи комплекс од активни и пасивни системи каде влегуваат елементи како на пример ноќно гледање кое многу порано детектира пречки на патот и може само да ги активира сопирачките до потполно застанување.

Кабината ја краси амбиентално осветлување LED, огромен екран од течни кристали од информацискиот и мултимедијален систем COMAND, арматура, централна конзола, врати и седишта преслечени со кожа и украси од вистинско дрво.

Седиштата се разладуваат и греат, нудат масажа и се прилагодуваат спрема телото на возачот, истото важи и за задните седишта, а клима уредот го јонизира воздухот. Списокот на сериска опрема, но и на опциите оди до бескрај.

Најскапите модели ќе бидат S500 4Matic и S63 AMG 4Matic. Покрај седанот S Класа ќе се нуди и во продолжена верзија, потоа како купе и како кабриолет, а на нејзина основа ќе биде поставен и новиот Pullman. Maybach повторно замина во историја.

Производството треба да стартува во август.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat