Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Seat го најавува новиот Leon - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Seat го најавува новиот Leon
16.07.2012

Онаму каде што дизајнот се сретнува со технологијата е новото мото на Seat под кое се појавува новата генерација на Leon поставена на платформата MQB на која почива и новиот Audi A3.

seat-leon-nov-official-1-2012-1

Шпанскиот производител во чии автомобили е втакен темпераментот на нацијата одлучи да го претстави Leon пред официјалната светска премиера која треба да се случи на салонот во Париз на есен.

Од Seat се погрижија на светот да му ја претстават обичната, но и спортската FR изведба на новиот Loen чив модерен дизајн ветува дека компактот повторно ќе се претвори во бестселер по кого лудуваат младите по години и по дух.

Јасно е дека дизајнот влече корени од концептот IBE Coupe и го следи новиот дизајнерски јазик на марката кој почна со помалата Ibiza. Очекувано спортскиот FR има поагресивни браници, широки прагови и посебни бандажи од лесен метал.

Под хауба работат познатите мотори на групацијата сите со турбо натполнење. Од бензинците тука се 1.2 TSI со 86 и 105 КС, 1.4 TSI со 122 КС и 1.8 TSI со 180 КС. Тука е и дизелот 1.6 TDI со 90 и 105 КС и 2.0 TDI со 184 КС.

Моторите се спарени со мануелен менувач со пет или шест степени на пренос или со DSG менувач со две спојки и шест или седум степени на пренос. Во понуда се и верзиите Ecomotive со Start&Stop систем.

Тие ги користат дизелите 1.6 TDI со 105 КС и 2.0 TDI со 150 КС. Послабата во просек троши 3,8 l/100 km, а помоќната 4,0 l/100 km, додека емисијата на јаглероден диоксид кај верзијата 1.6 TDI изнесува 99 g/km.

Послабите изведби до 150 КС кај подвозјето користат полукрута торзиска оска одзади заради задржување на пониска цена, додека помоќните изведби одзади имаат мултилинк оска која обезбедува врвна возна динамика.

Изненадувањето што го приредува Leon во компактната класа е воведувањето на LED технологија за предните светла. Така шпанскиот компакт станува првенец по ова прашање и поставува параметри кои другите останува да ги следат.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat