Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Seat Leon ST е најубавото комби - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Seat Leon ST е најубавото комби
24.07.2013

Seat официјално ја претстави комби изведбата на својот Leon, која во името ја носи наставката ST, се смета за најубава во сегментот и со нетрпение ја очекува премиерата на салонот во Франкфурт.

seat-leon-st-1-2013-1

Ова е прво комби во историјата на моделската понуда на Leon и без оглед што е пионер има атрибути со кои може да се пофали. А тоа за едно комби е багажник кој од основните 587 литри расте до сериозни 1.470 литри.

За да се достигнат овие бројки зголемена е должината на Leon за 270 mm, додека меѓуоскиното растојание е несменето. Секако поголемите димензии ја зголемиле и тежината па така комбито е за 45 kg потешко од хечбекот.

Без оглед на дополнителните килограми Leon ST со своите 1.233 kg сеуште е најлесно комби во сегментот. Техниката е идентична како и кај Leon. Под хауба работат три бензинци и три дизели.

Турбо бензинците TSI од 1.2, 1.4 и 1.8 литри испорачуваат 105, 122 и 180 КС. Од дизелите тука се 1.6 ТDI со 90 КС и 2.0 TDI со 150 и 184 КС. Најмоќните мотори се вградуваат во спортската изведба FR.

seat-leon-st-2-2013-1

Таа доаѓа со адаптибилна контрола на шасијата DCC со три модуси на контрола: Sport кога Leon ST станува поагилен, Еco и Individual. Ако се избере некој од овие два модуси дополнително на располагање стои модусот Comfort.

Како опција доаѓа пакетот Dynamic кој покрај DCC вклучува и прогресивно управување кое го подобрува управувањето и е подиректно кога се вози на нож, а воедно помага за полесно паркирање во град.

Погонот е напред, но некои изведби ќе се нудат и со погон на четири тркала и со менувачот со две спојки DSG со седум степени на пренос. Цените и останатите технички детали ќе бидат обелоденети на премиерата. Продажбата стартува на есен.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat