Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Сериска верзија на електричниот SLS AMG - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Сериска верзија на електричниот SLS AMG
03.10.2012

Mercedes премиерно ја прикажа сериската верзија на електричниот тркач SLS AMG која носи полно име SLS AMG Coupe Electric Drive и според првичните податоци ќе чини 416.500 евра.

mercedes-sls-amg-ed-1-2012-1

Оваа сума е два пати повисока од онаа кај класичниот SLS AMG, но сепак тоа не е залудно бидејќи електричниот SLS всушност е најмоќниот сериски автомобил кој некогаш излегол од погоните на AMG.

Моќноста од 750 КС и вртежниот момент од 1.000 Nm доаѓаат од четирите електромотори поставени во главчините на тркалата и доволни се за спринт до 100 km/h за 3,9 секунди и максимални 250 km/h електронски ограничени.

Напојувањето доаѓа од литиум-јонски батерии кои се создадени во соработка со британската компанија High Performance Powertrains која е дел од Mercedes и се потпишува и под системот KERS во Формула 1.

Воедно компанијата Mercedes AMG High Performance Powertrains ги произведува и снабдува со мотори и системи KERS тимовите во Формула 1: Mercedes AMG Petronas, Vodafone McLaren Mercedes и Sahara Force India.

mercedes-sls-amg-ed-2-2012-1

Батериите кои се водено ладени имаат капацитет од 60 kWh, напон од 400 V и тежат 548 kg. Изработени се модуларно и распоредени во подот на возилото за пониско тежиште и подобра тежинска распределба.

За достигнување на максимален капацитет батериите треба да се полнат 20 часа на стандарден приклучок или 3 часа на станица за брзо полнење. Автономијата во Mercedes и AMG сеуште не ја откриваат.

За да се компензира тежината на електромоторите од кои секој тежи по 45 kg и батериите инженерите се свртеле кон обилно користење на алуминиум и јаглеродни влакна при конструкција на шасијата.

Воедно комплетно го смениле потпирањето, управувањето и сопирачките заради електромоторите кои се поставени во главчините на тркалата. Затоа бандажите мерат 20 инчи и се обуени во гуми 265/35 напред и 295/30 назад.

mercedes-sls-amg-ed-3-2012-1

Тие ги сокриваат предимензионираните пливачки дискови кои напред имаат димензии 402х39 mm, а назад 360х32 mm. Дисковите се каброн-керамички и се за 40% полесно од стандардните изработени од челик.

Продажбите на SLS AMG Coupe Electric Drive почнуваат во текот на 2013 година, а наведената цена важи за пазарот во Германија со вклучен данок на додадена вредност.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat