Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Shelby Cobra на италијански начин - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Shelby Cobra на италијански начин
04.07.2012

Под мотото „Ако можете да го сонувате, ние можеме да го направиме” воскресна легендарната Shelby Cobra според визијата на италијанските дизајнери и инженери од мануфактурата Puritalia.

puritalia-427-1-2012-1

Најавена на почетокот на минатиот месец како тизер денес Puritalia 427 e спремна да се соочи со критиките на светската јавност и да ги омекне срцата на вистинските октански зависници со длабок џеб.

Заборавете на електриката и на штедењето и дозволете да се разбуди тркачот кој од секогаш копнеел да ја почувствува моќта на американските мускули, но сега завиткана во беспрекорниот италијански дизајн.

Со користење на лесни материјали за градба на каросеријата и кабината и шасија од цевки од челик хром-молибден добиена е тежина од 1.099 kg кои еднакво притискаат на двете оски.

Долга 4.340 mm, широка 1.950 mm и висока 1.250 mm Puritalia 427 носи потпирање со независни водилки со различна должина, мануелен менувач со две ламели, самозаклучувачки диференцијал и карданско вратило од алуминиумска легура.

Моторот е 5.0 литарски V8 изграден по принципот на Кaрол Шелби „Ако големото е добро, поголемото е подобро” и во атмосферска варијанта кон задната оска турка 445 КС при 6.500 врт/мин и 530 Nm при 4.250 врт/мин.

Со помош на механички компресор од моторот се извлекуваат брутални 605 КС при високи 7.000 врт/мин и максимален вртежен момент од мрсни 640 Nm при 4.500 врт/мин.

Од Puritaliа сеуште не ги откриваат перформансите, но затоа велат дека за сопирање се задолжени вентилирачки и бушени дискови на Brembo од 380 mm напред со 6 клипни клешти и 345 mm назад со 4 клипни клешти.

Леснометалните бандажи напред од 19 инчи се обуени во гуми Pirelli PZero со димензии 275/35, а задните од 20 инчи носат гуми 335/30. Светската премиера е на салонот во Париз, а цената ќе надмине 100.000 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat