Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Случајно откриена новата Е Класа - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Случајно откриена новата Е Класа
01.11.2012

На страниците на шпанското издание Autofacil се појави обновената Е Класа на Mercedes и тоа во нејзината најмоќна изведба Е63 AMG, а фотографијата е направена од случаен набљудувач.

mercedes-e63-amg-nov-1-2012-1

Иако звучи неверојатно новата Е Класа да се појави олку рано бидејќи е најавена дури за в година, сепак, уловениот примерок одговара на најавите за соединување на предните светла под една проѕирна купола.

Измени има и на предниот браник и маската, а се наведува дека нова ќе биде и оптиката на задните светла. Целта на дизајнерите на Mercedes е да се постигне подинамичен лик на големиот седан.

Дека станува збор за изведбата Е63 AMG откриваат големите сопирачки дискови кои ги зафаќаат црвените клешти што ѕиркаат низ леснометалните бандажи обуени во гуми со низок профил.

Случајниот папарацо, извесен Виктор Гутиерез, кој ја направил фотографијата наведува дека на предните крила стоела ознаката V8 Biturbo што асоцира на 5.5 литарскиот V8 на AMG со два турбо полначи.

Инсајдери на AMG пак откриваат дека отровната Е Класа ќе има погон на четири тркала, а моторот ќе биде навиен на 550 КС. Премиерата на Е63 AMG се очекува дури на салонот во Франкфурт следната есен.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat