Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Subaru BRZ конечно има лик - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Subaru BRZ конечно има лик
03.11.2011

Subaru побрза пред отворањето на салонот во Лос Анѓелес да ги прикаже првите компјутерски генерирани фотографии од своето нов купе BRZ кое треба да се појави на пазарот в година.

subaru-brz-sti-1-2011-1

Меѓутоа да не дојде до забуна Subaru исто така побрза да иcтакне дека она што е прикажано на фотографиите е концепт, а не сериски модел чии откривање според досегашните најави би требало да се случи во декември во Токио.

Прикажаниот концепт е Subaru BRZ – STI односно видување на марката за тоа како ќе личи отровната верзија на лесното купе со погон на задни тркала. Од Subaru истакнуваат дека освен дизајнот техниката останува несменета.

Но, малку е тешко да се поверува дека инженерите на STI под хауба ќе го остават атмосферскиот Боксер од 2.0 литри и нема да си поиграат со по некој турбо полнач како би извлекле од него барем 300 коњски сили.

Она на што се горди во Subaru e исклуително ниското тежиште на купето кое е поставено на само 45 mm од асфалтот. Купето има сопирачки систем од Brembo, a стои на леснометални бандажи од 18 инчи.

Што се однесува до дизајнот од Subaru не кажуваат многу освен дека верзијата STI го носи големото антикрило одзади. Од ова би можело да се заклучи дека купето претставено на фотографиите е близу до сериската варијанта.

Сепак, останува да се стрпиме и да видиме што Subaru ќе ни прикаже на премиерата во Токио.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat