Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Супер нова меѓу ѕвездите - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Супер нова меѓу ѕвездите
18.05.2013

Пристигна нејзиното височество! Новата генерација на Mercedes S Класа е пред нас. Модел кој важи за пионер при воведување нови технологии во индустријата и останува верен на традицијата.

mercedes-s-klasa-oficijalno-1-2013-1

Најважната иновација во новата S Класа е способноста да го предвиди патот. Системот го скенира патот пред автомобилот, ги детектира нерамнините и дупките и однапред го прилагодува потпирањето според условите на патот.

Швабите на премиерата во Хамбург не сокриваа дека очекуваат многу од новиот знаменосец. Лимузината треба да го продолжи патот на своите претходници, но и да ја потполни дупката која настана со згаснувањето на Maybach.

Затоа новата се нуди во пет различни варијанти: со три различни растојанија меѓу оските зависно од потребите на клиентот и како купе и кабриолет. Стилски таа го следи новиот дизајнерски јазик на марката.

Сребрената ѕвезда која го краси носот е поддржана од масивно количетво хром со кое е опточена огромната маска. Хром има и на лајсните под прозорите и на праговите, а од него не успеал да избега ниту задникот.

Обликот на крилата не е нападен како кај претходникот и заедно со страничните превиткувања на каросеријата ја нагласува елеганцијата на моделот кој делува далеку поблагородно.

mercedes-s-klasa-oficijalno-2-2013-1

Светлата пак се понагласени и во секој преден фар се поставени по 56 светлечки диоди. Тие се повторуваат и кај задните светла кои ја дополнуваат елегантната фигура на S Класа.

Фино извајаната каросерија не плени само со својот настап туку и со напредната аеродинамика. Таа има коефициент на отпор на воздух од Cd 0,24 што се смета за најдобар резултат во сегментот.

Иако, како што наведовме при откривањето на каталогот, дека S Класа малку нараснала во димензии, нејзиниот багажник е помал од претходно за 30 литри и мери 530 литри. За тоа се виновни новите задни седишта.

Тие зависно од опремата можат да се навалуваат многу повеќе од претходно и да им понудат на патниците одзади полн комфор и можност за максимално опуштање додека се патува до работното место и назад.

Најмногу иновации има во сфера на безбедноста. Копчата на безбедносните ремени е осветлена, ремените на задните седишта во себе имаат воздушна перница, а исто така и опционалните седишта кои се навалуваат.

mercedes-s-klasa-oficijalno-3-2013-1

Поголемиот дел од опремата е создадена за да се подобри луксузот на задните седишта. Таму инженерите успеале да го зголемат просторот и дополнително да го стишат импелемнтирајќи нови материјали за изолација.

Големо внимание е посветено и на структурните елементи на каросеријата кои ги сведуваат вибрациите на минимум и ја намалуваат тежината. Сега, S Класа, или W222, е полесна од претходникот W221 за 20 kg, но каросеријата и е за 50% поотпорна на усукување.

Системот Magic Body Control – MBC кој го скенира патот дополнително го подобрува комфорот што го нуди активното воздушно потпирање и успеава да го елиминира навалувањето на каросеријата во свијоци.

За копчињата веќе пишувавме, но не и за огромните екрани од течни кристали кои мерат 12,3 инчи во дијагонала преку кои се управува и на кои се отчитуваат сите параметри од системите на автомобилот.

Пребирливите по прашање на климатизацијата можат да го изберат клима уредот Thermotronic кој филтира, полен, чад, прашина, па дури и спори и вируси и го чува воздухот во кабината чист како во сала за хируршки интервенции.

mercedes-s-klasa-oficijalno-4-2013-1 

Покрај моделите кои веќе ги наведовме во понуда се и S300 Hybrid каде дизелот од 2.2 литри и електромоторот генерираат 230 КС. Овој модел е најштедлив, но и најзелен и има најнизок коефициент на отпор на воздух од Cd 0,23.

Кому S500 му е преслаб ќе мора да почека и подоцна да го избере S600 во кого битурбото V12 од 5.5 литри ќе испорачува 530 КС. Истиот мотор ќе се вградува и во ултимативните S63 AMG и S65 AMG.

Послабиот S63 AMG ќе има погон на задни тркала, додека кај S65 AMG вртежниот момент ќе се пренесува на сите четири тркала преку системот 4Matic. Ценовниот старт во Германија е од 79.789 евра за S350 BlueTec.

Хибридниот S400 Hybrid чини од 85.204 евра, а S500 од 104.601 евро. Верзиите до долго меѓуоскино растојание чинат 85.323, 91.094 и 107.635 евра соодветно.

   

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat