Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Toyota Auris предпремиера - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Toyota Auris предпремиера
22.08.2012

Со комплетно нов радикален дизајн, обновени мотори, поголеми димензии. Со полесна, но поцврста структура на каросеријата пристигнува новиот Auris чии продажби стартуваат во 2013 година.

toyota-auris-hybrid-new-gen-1-2012-1

Toyota одлучи еден месец пред официјалната премиера која ќе се случи на салонот во Париз да ги обелодени првите фотографии и дел од деталите за новата генерација на Auris.

Она што е јасно забележливо е радикално новиот дизајн со остри линии кој почна од Yaris и го обележува новиот дизајнерски јазик на марката. Нема двојби дека Auris е многу повпечатлив и од него зрачи динамика.

Тука е комплетно новиот ентериер кој покрај со нов дизајн се одликува и со поквалитетни материјали и подобра обработка и повеќе простор во димензии 4.275 mm должина, 1.760 mm ширина и 1.460 mm висина.

Димензиите откриваат дека новиот Auris пораснал во должина за 30 mm, но е понизок за добри 55 mm. Меѓуоскиното растојание е развлечено на 2.600 mm, а волуменот на багажникот со 360 литри останува во просекот на класата.

Интересно платформата на Auris е конструирана како за хибрид со предвидено место за батериите кои не крадат ниту малку од просторот во кабината и волуменот на багажникот.

Платформата има поголема крустост за 10%, но е полесна. Со користење на други лесни материјали вкупната тежина е намалена за 40 kg во однос на претходникот, а и тежиштето е поставено пониско за подобра возна динамика.

Моторите се бензинци и дизели. Од бензинците тука се 1.33 и 1.6, а од дизелите 1.4 и 2.0. Нивните перформанси за сега не се откриваат. Секако круна е хибридот со можност за полнење на батериите.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat