Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Toyota повторно е број еден - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 414

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 414
Toyota повторно е број еден
19.12.2012

Јапонскиот гигант Toyota Motor успеа да ги надмине потешкотиите кои ги нанесоа природните непогоди и во релативно кус временски период повторно застана на врвот на светот по број на продадени возила.

toyota-auris-1-2012-2

Во последните седмици од годината Toyota има комфорна предност пред најголемите конкуренти GM и VW кои се борат за второто место со минимална разлика во продажбите соопштува агенцијата Bloomberg.

Заклучно со месец ноември сите три марки бележат раст на продажбите ширум светот, без оглед на стагнацијата на пазарот во Европа. Најголем раст бележат пазарите во САД и во Јапонија каде се достигнати рекордни бројки.

Само во месец ноември Toyota во САД бележи раст од 29%, додека скокот на продажбите во цел свет се многу поголеми, дури 41% за првите десет месеци од годината.

Во моментот вториот во класификацијата GM бележи раст од 2,5% на светско ниво во првите девет месеци од годината, но во споредба со 2007 година која се смета за најдобра за GM кога за ист период продаде 9,37 милиони возила.

Голем раст од 31% на пазарот во САД бележи и VW во споредба со продажбите за првите 9 месеци од 2011 година. Имено VW ги достигна продажбите од минатата година уште минатиот месец.

За првите три тримесечја од годината Toyota регистрира 7,4 милиони продажби во цел свет, следи GM со 6,95 милиони и VW со 6,9 милиони. Интересно за годинава експертите прогнозираат рекордни продажби на светско ниво.

Според анализите годинава во светот ќе се продадат вкупно преку 80 милиони возила и покрај лошата состојба со продажбите во Европа. Бројка со која ќе се постави нов светски рекорд.

Да се потсетиме. До 2008 година GM беше најголем производител на автомобили на светот повеќе од 70 години, но таа година титулата отиде во рацете на Toyota која го задржа приматот и во 2009 и во 2010 година.

Меѓутоа минатата година земјотресите и цунамито буквално ги десеткуваа сите јапонски производители на автомобили меѓу нив и Toyota која лани го загуби приматот и заврши на трето место зад GM и VW.

Но, јапонскиот гигант годинава се врати посилен и повторно застана на врвот на светот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat