Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Визија за најбесниот Golf GTI - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Визија за најбесниот Golf GTI
13.05.2013

На фестивалот во Вертерзее Volkswagen ја прикажа визијата за најбесниот Golf GTI на сите времиња кој под името Design Vision GTI и силно модификуваната каросерија сокрива 503 нервозни коњи.

vw-golf-design-vision-gti-1-2013-1

Визијата е изградена околу основата која ја дава новата генерација на Golf GTI и претставува негова ултимативна изведба. Каросеријата личи како да е скроена за некој холивудски блокбастер.

VW Golf Design Vision GTI е покус од серискиот GTI за 15 mm, понизок е за 57 mm и поширок е за 71 mm и личи како да бришка дури и кога стои. Под хауба на ова луто парче се сокриваат 503 КС извлечени од битурбо бензинецот 3.0 V6.

Покрај моќната коњица моторот има и брутална влечна сила. Максималниот вртежен момент од 560 Nm се ослободува меѓу 4.000 и 6.000 врт/мин, додека 500 Nm му стојата на располагање на возачот од ниски 2.000 врт/мин.

Сето ова е доволно за спринт до 100 km/h за 3,9 секунди и максимални 300 km/h. Спортската шасија и погонот на четири тркала во секое време гарантираат дека возачот има полна контрола над моќната коњица.

За сопирање на залетаната визија се грижат карбон-керамички дискови со дијаметар од 380 mm напред и 356 mm назад. Нив ги зафаќаат црвено обоени сопирачки клешти кои се назѕираат низ уникатните бандажи до 20 инчи.

Комплетно е сменета и кабината. Арматурата е ориентирана кон возачот и опремена е со дигитални инструменти. Тапацирот е алкантара, задните седишта се извадени и на нивно место стојат пречки - Х за скрутување на каросеријата.       

Design Vision GTI e изложбен експонат и тешко дека ќе зачекори во серија. Сепак, од VW не одрекуваат дека беснотилаков би се појавил на тркачка патека колку во реалност да се проба за што е способен.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat