Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Во кралска ложа - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Во кралска ложа
16.08.2012

Полесен, посилен, порафиниран, епитети кои се врзуваат за новата генерација на луксузниот теренец Range Rover која претставува модерна интерпретација на оригиналот од пред повеќе од 40 години.

range-rover-official-1-2012-1

Land Rover одлучи да ги прикаже првите фотографии од четвртата генерација на Range Rover која премиерно ќе биде прикажана салонот во Париз кон крајот на септември, а продажбите стартуваат на почетокот на следната година.

Во моментот не се откриваат многу технички детали за новиот Range Rover. Од одделот за маркетинг повеќе го свртуваат вниманието кон неговиот дизајн којшто влече елементи од помалиот Evoque по кого лудува цела планета.

Нема сомневање дека дизајнерите одлично си ја одработиле задачата за Range Rover да делува впечатливо, моќно како што доликува на еден луксузен теренец од тврд ков кој остана верен на традицијата и не замина во светот на кросоверите.

За него инженерите тврдат дека е првиот вистински теренец со самоносечка просторна шасија целосно изработена од алуминиум, алуминиумски елементи на потпирањето и напред и назад и панели на каросеријата исто така од алуминиум.

Користењето на алуминиум условило намалување на тежината во однос на претходникот за 39% или за 420 kg. Така се подобруваат возните карактерситики на пат и на терен и се намалува потрошувачката и емисијата на издувните гасови.

Потпирањето е воздушно кое допринесува за поголем комфор и за понизок став на пат и повисок став на терен, а регулацијата на висината се одвива автоматски како и изборот на еден од понудените модуси на системот Terrain Response 2.

Системот сам препознава дали се вози на пат, на терен со тврда подлога, песок, кал, снег, мраз и избира соодветен сетап. Преку него се вклучува и редукторот и артикулацијата на оските преку вклучување или исклучување на стабилизаторите.

Под хауба ќе работат бензинецот V8 и дизелите TDV6 и SDV8, a во кабината ушите ќе ги милува звук репродуциран од ексклузивниот аудио систем со сараунд на Meridian скроен специјално за Range Rover.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat