Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Volvo го открива серискиот S60 Polestar - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Volvo го открива серискиот S60 Polestar
18.04.2013

Volvo конечно ја претстави сериската верзија на беснотилакот S60, доработен од фабричкиот тјунер и спортското одделение на марката Polestar Racing и под хауба пакува сериозна коњица од 350 понија.

volvo-s60-polestar-serija-1-0213-1

Во основа инженерите на Polestar не експериментирале премногу при развојот и во сериската верзија ги спакувале сите измени кои беа најавени со концептот, но моќноста на моторот место 508 КС е смалена на поиздржливи 350 КС.

Шестцилиндарецот T6 од 3.0 литри место турбо полнач Garett сега пакува турбо Borg Warner со интеркулер и има нова управувачка електроника од домашната кујна на Polestar која му дозволува да оствари 350 КС при 5.700 врт/мин.

Максималниот вртежен момент од преку 500 Nm стои на располагање меѓу 2.800 и 4.750 врт/мин, а максималниот број на вртежи што може да ги достигне моторот е 6.500 врт/мин. Издувните гасови струјат низ издув од не`рѓосувачки челик.

volvo-s60-polestar-serija-2-0213-1

Дијаметарот на цевките на издувниот систем изнесува 63,5 mm и завршуваат со два топа сместени во аглите на дифузорот одзади, кои имаат дијаметар од 89 mm. Погонот е на четири тркала и е дело на Haldex.

Но, за да се задоволат строгите брања инженерите на Polestar ја ремапирале управувачката електроника на погонот кој сега испраќа поголем дел од вртежниот момент кон задните тркала за подобра возна динамика и поспортско доживување.

Сменета е и електрониката на автоматскиот менувач со шест степени на пренос и можност за рачно менување на степените. Така менувачот менува побрзо и нуди опција на launch сontrol со која S60 се катапултира до 100 km/h за 4,9 секунди.

volvo-s60-polestar-serija-3-0213-1

Максималната брзина е лимитирана на 250 km/h. Контролата ја обезбедуваат нови двофазни поддесувачки амортизери на Ohlins и новите пружини кои се за 80% поцврсти од сериските. Подобрени се и стабилизаторите, а поставена е и пречка од карбон-фибер меѓу предните и задните тркала.

S60 Pоlestar е поставен на уникатни леснометални бандажи на фирмата од 19 инчи кои се обуени во гуми Michelin Pilot Super Sport со димензии 235/40. Сопирачките се на Brembo со високоперформансни сопирачки плочки на Jurid.

Volvo S60 Polestar први го добиват австралијанците. Првите примероци ќе бидат испорачани кон крајот на јуни. Подоцна ќе го добијат и останатите пазари. Во Австралија цената на S60 Polestar стартува од 85.000 долари. Серијата е лимитирана на 100 примероци.  

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat