Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Го возевме новотo Renault Clio - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Го возевме новотo Renault Clio
21.10.2012

Четвртата генерација на Clio се смета за најважниот модел на Renаult од кого почнува новиот визуелен идентитет на марката и става акцент на допадливост спојувајќи емоции со квалитет и иновации.

renault-clio-vozi-6-2012-1

Clio важи и за најпродаваниот модел на марката кој од појавувањето на првата генерација во 1990 година е продаден во близу 12 милиони примероци. Има две титули Автомобил на годината во 1991 и 2005 година, а третата генерација го носеше приматот најбезбеден автомобил во сегментот.

Новиот Clio продолжува по патот на квалитативен напредок и дополнително нуди елементи кои не се мерливи со инструмент. Се мисли пред се на емотивниoт спој на купувачот со дизајнот, скроен како плод на љубов и задоволството при возење.

Љубовта била инспирација кога шефот на дизајн на Renault, Лоренс ван дер Акер го создавал концептот DeZir кој е основа за дизајнот на новиот Clio и секако за новиот визуелен идентитет на француската марка.

Замислен е како скулптура која создава чувство на допадливост и посакуваност. Clio нема остри агли и непотребни испапчувања кои боцкаат во око. Сите линии се заоблени и мамат да се доближите, да го допрете,...

Истото чувство се повторува и во кабината посебно кога ќе се одбере едно од 4-те уредувања кое може да се надополни со некој од 7-те пакети за персонализација. Плус тука се и 5-те пакети на надворешно уредување.

renault-clio-vozi-2-2012-1

Сето ова го претвора Clio во автомобил којшто ја истакнува индивидуалноста на својот сопственик поклонувајќи му го единственото доживување на уникатно скроен автомобил по сопствен терк.

Дури и во основнoто ниво не се штедело. Authentique доаѓа со LED дневни светла, ЕSP, картичка место клуч за отворање и стартување. Следното ниво Expression нуди плус хромирани елементи внатре и надвор и мултимедијален систем со Bluetooth.

Највисокото ниво Dynamique има и кожа на волан, бандажи од лесен метал од 18 инчи, автоматски клима уред, отворање/затворање и стартување без клуч. Она што одушевува во кабината кај секое ново Clio е првиот на светот сериски вграден бас рефлекс во еден автомобил.

Системот наречен Renault Bass Reflex репродуцира звук кој по квалитет е еднаков на класични звучници со волумен од 30 dm3 каде длабоките тонови се помоќни, а прагот на заситување и изобличување на звукот е поместен. Шлаг на тортата е 3D аудио системот на специјалистот Arkamys.

Со посебен софтвер за дигитална обработка на сигналот додава длабочина и текстура на звукот и го поставува во просторот. Тој доаѓа само со опционалниот интегриран таблет компјутер R-Link кој го врзува возилото со светската интернет мрежа овозможувајќи пристап до информациите по барање на патниците.

renault-clio-vozi-5-2012-1

Покрај музиката чулното доживување доаѓа и од под хауба од новиот мотор ТСе 90 којшто од 0.9 литри со помош на турбо полнач извлекува 90 КС и 135 Nm, а инженерите го наштимале да звучи како моќен шестцилиндарец. Моторот работи без вибрации и повлекува од ниски вртежи корисно во секојдневна употреба.

И покрај истата моќност од 90 КС поубедливо туркање врз грбот обезбедува дизелот Energy dCi 90. Причина е вртежниот момент од 220 Nm кои притискаат силно, но и штедат, а просекот е само 3,6 l/100 km со емисија на СО2 од 93 g/km.

Во очекување на турбото 1.2 ТСе со 120 КС овој мотор нуди најмногу задоволство зад волан и ги користи предностите на новата добро скроена шасија со поширока трага напред за 34 mm, назад за 36 mm и поголемо меѓуоскино растојание за 14 mm во однос на претходникот.

Долг 4.062 mm, широк 1.731 mm и со меѓуоскино растојание од 2.589 mm, Clio делува како да е залепен за подлогата. Најмногу заради пошироката трага и помалата висина за добри 49 mm, или 1.448 mm кои го спуштаат тежиштето и понисктата тежина во просек за 100 kg.

Подвозјето е еластично. Доволно е цврсто за да обезбеди сигурно минување низ свијоци, а од друга страна прилично успешно ги пегла нерамнините обезбедувајќи добра доза на комфор.

renault-clio-vozi-4-2012-1

Вистинско здоволство е да се постави Clio во свијок и да се набљудува како послушно ја следи линијата на движење без нервозни реакции. Како надополна доаѓа прецизното управување кое испраќа повратни информации до дланките.

Чувството зад волан е слично како во Clio GT што укажува дека инженерските искуства од Renault Sport се пренесени врз стандардниот модел. За ова говори и прилично директниот управувачки систем со 2,71 свртувања од крај до крај.

Паралелно со задоволството зад волан овие два мотори нудат и опција за напредно штедење. Преку притискање на копчето ECO на централниот гребен се менува испораката на вртежен момент, одзивот на педалот за гас, работата на клима уредот.

На решетката на ладилникот се спуштаат активните крилца кои ја затвораат кога моторот има помала потреба од разладување и ја подобруваат аеродинамиката. Со ваква подготовка дизелот ја намалува потрошувачката на 3,2 l/100 km, додека емисијата на јаглероден диоксид паѓа на 83 g/km.

Зелените атрибути надополнети со солидна шасија, добра возна динамика, дизајн што залепува од прва, можност за персонализација, висока безбедност, просторна и комфорна кабина и багажник од 300 литри го ставаат новиот Clio во врвот на класата. Секако важна улога има и цената која кај нас ќе биде објавена наскоро.

Пакети за персонализација

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat