Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Возевме: Renault Twingo
04.03.2012

Втората генерација на еден од најуспешните мали автомобили, Renault Twingo, после модернизацијата дише со полн капацитет и е мамец за младата публика желна за шик возило за во град.

renault-twingo-vozi-1-2012-1

Twingo безмалку 20 години егзистира во исклучително набиен сегмент. Кога се појави во 1993 во сегментот се натпреваруваа 9 марки со 12 модели. Денес бројот на марки е 15, а бројот на модели 25. Бројките јасно говорат дека конуренцијата е силна, но Twingo останува посакуван избор и држи 10% од сегментот.

За успехот на првата генерација која претрпе 8 модернизации и опстојуваше до 2007 говорат близу 2,5 милиони произведени примероци. Втората генерација која пристигна во 2007 оствари продукција од 650.000 примероци пред да биде наследена од модернизираната верзија.

Претставен лани обновениот Twingo своето патешествие го почнува годинава со желба да го продолжи успехот на претходниците. Регионалната презентација беше одржана во соседна Србија каде почнува и продажбата.

renault-twingo-vozi-2-2012-1

Twingo зрачи со динамика. Одвоените светла за магла, браникот со голем отвор и масивните испапчувања околу тркалата го прават помускулест. Задникот го краси одвоена светлосна група во која светлата за возење во рикверц се постаени директно на испапчената трета врата за да се разбие монотонијата.

Новина во кабината е можноста за персонализација која вклучува три бои црна, светло и темно сива, шари на седиштата и облогите на вратите и украси во разни бои за отворите за проветрување. Има и седум вида налепници за каросеријата, три бои за ретровизорите и пет типа на леснометални бандажи од 15 инчи.

Под хауба работат атмосферскиот бензинец од 1.2 литри со 75 КС, турбото 1.2 ТCe со 100 КС и дизелот 1.5 dCi со 75 КС. При првото возење се покажа дека бензинецот 1.2 e вистинска мера за оние кои сакаат градски автомобил што одлично си ја врши работата. Тој е најдостапен и не е растрошен.

renault-twingo-vozi-3-2012-1

Дизелот нуди помоќни меѓузабрзувања и ниска потрошувачка, но и чини повеќе. Меѓутоа кој сака вистински да ужива во стегнатото подвозје најмногу ќе се потпре на 1.2 TCe. Повлекува веќе од 1.500 врт/мин, сака да се врти и мами да се вози на нож за сите оние кои сакаат и малку задоволство зад волан.

Доаѓа со беџот на Gordini со препознатлива сина боја, надолжни бели ленти, кожа на страниците од седиштата, воланот и рачката од менувачот  украсена со топка од алуминиум од кого се изработени и педалите. Врвот во понудата сепак е резервиран за најавениот Twingo RS со 133 КС.

Протнувањето низ градскиот метеж, основната намена на Twingo е игра. Исто важи и за паркирањето во тесен простор. Тука нема простор за негодување ниту од новопечаните возачи. Воедно секој ќе биде задоволен од практичноста која доаѓа од одвоените задни седишта.

renault-twingo-vozi-4-2012-1

Тие лизгаат по должина и по потреба можат целосно да се преклопат. Сепак, мора да се има предвид дека просторот одзади е ограничен со оглед на димензиите од 3.687 mm должина, 1.654 mm ширина, 1.470 mm висина и меѓуоскино растојание од 2.367 mm.

Иако мал по димензии новиот Twingo нуди содржина којашто ќе знаат да ја ценат како досегашните, така и новите корисници. Кај нас се очекува да пристигне наскоро, а цените ќе се знаат по македонската премиера.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat