Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Seat е апсолутен шампион во WTCC за 2008 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Seat е апсолутен шампион во WTCC за 2008
18.11.2008
ivan-muler-wtcc-1.jpgSeat ја затвори сезоната во Mакао со две титули, 12 победи и 19 подиуми, а Иван Мулер ја освои својата прва возачка титула во WTCC со Seat Leon TDI.

На последната трка во Макао, Иван Милер иако не успеа да се искачи на највисокото скалило на пиедесталот, сепак, успеа да го победи својот тимски другар Габриеле Тарквини во борбата за титула.

Милер во Макао беше крунисан за шампион во WTCC во конкуренција на возачи и воедно стана првиот француски возач кој успеал да освои светска титула во шампионат на FIA на тркачка писта од 1993 наваму.

Титулата дојде по три победи и пет подиуми колку што успеа да освои Милер годинава.

Иако шампионската титула на Seat во конкуренција на производители дојде на претпоследната трка од сезоната Макао беше одлучувачки настан за превласт во шампионатот за возачи.

Во првата трка Милер финиширашпе трет додека неговиот најголем конкурент Тарквини немаше среќа и мораше да се задоволи со седмата позиција која му донесе значително помал број бодови.

Втората трка носеше нови надежи за Тарквини, но италијанецот заедно со уште еден од пулените на Seat, Џорди Хене не успеа да ја заврши трката. Тука пропаднаа сништата за освојување на шампионската титула.

Иван Милер пак успеа да го подобри својот резултат во втората трка и мина под чекираното знаме веднаш зад Робер Хаф од таборот на Chevrolet.

И додека Seat доминираше во текот на сезоната, Chevrolet доминираше на последната трка освојувајќи две први места.

Возачите на Chevrolet, Алан Менју и Роберт Хаф со оваа двојна победа му овозможија на нивниот верен другар, автомобилот Lacetti, на достоен начин да ја заврши својата кариера и да се прости од публиката.

Од следната сезона неговото место на асфалтот ќе го наследи новиот автомобил на Chevrolet за WTCC конструиран врз основата на новиот Cruze.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat