Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Стартуваа зимските тестови на Cruze WTCC - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Стартуваа зимските тестови на Cruze WTCC
06.11.2008
chevrolet-cruze-estoril-1.jpgChevrolet на патеката во Есторил, Португалија го претстави својот нов автомобил за борба во Светскиот шампионат со сериски-модификувани автомобили WTCC на FIA.

Станува збор за тркачки автомобил направен на основата на новиот Chevrolet Cruzе, претставен минатиот месец, а кој треба да го замени досегашниот Lacetti. Инженерите на Chevrolet направија споредно тестирање на овие два модели кое воедно беше последно јавно тестирање за Lacetti.

Со крајот на сезоната 2008 во WTCC која завршува со последната трка во Макао на 16 ноември завршува и кариерата на Lacetti, автомобил кој ги постави смерниците и во чија насока треба да продолжи развојот на неговиот наследник.

Тестирањето во Есторил е прво од јавен карактер за Cruze и е само продолжување на претходните тестирања кои беа завиткани под вел на тајна на полигоните MIRA во Велика Британија и Гауди во Шпанија.

По Есторил во текот на зимските месеци тестирањето на Cruze ќе продолжи по различни патеки во Јужна Европа со цел инженерите да добијат поконкретна слика за однесувањето на автомобилот и неговиот сетап во различни услови.

Тимот ќе спроведе уште низа паралелни тестови со Lacetti пред неговото простување со публиката во Макао, а потоа сите свои сили ги насочува кон Cruze.

Зад воланот на Cruze и на Lacetti во Есторил седеа возачите на Chevrolet во WTCC, Никола Ларини и Роб Хаф. Нивната задача беше да ги споредат и да ги дадат првичните оценки и мислења.

Роб Хаф:Cruze е одличен автомобил и се чувствува дека е брз, без оглед што сега е одпакуван. Јасно е дека автомобилот е во рана фаза на развој, но веднаш може да се почувствува дека има подобро управување, подобро се однесува во свијоци. Сето ова се должи на пошироката трага што само по себе е предност во трка.”

Никола Ларини: „Ова е првпат да седнам зад воланот на Cruze и можам да кажам дека автомобилот е добар. Пошироката трага го прави полесен за возење на одредени делови од патеката, додека времињата покажуваат дека автомобилот ветува, но дека е потребно уште многу работа. Без оглед на сетапот автомобилот реагира питомо. Лесно е прилагодлив што ќе ни ја олесни работата за време на тестирање, но и за време на натпреварување кога ќе бидат потребни нагли промени на сетапот.”

Тимот на Chevrolet во WTCC очекува дека со искуството собрано во текот на изминатите четири години коe ќе биде инкорпорирано во новиот автомобил успехот ќе биде загарантитран.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat